Непалската полиција соопшти дека уапсила 122 кинески државјани осомничени за вмешаност во финансиски криминал.
Претставникот на полицијата, Шаилеш Тапа изјави дека осомничените биле уапсени во понеделникот на различни локации во Катманду, главниот град на Непал.
Деталите за случајот сè уште не се познати бидејќи истрагата сè уште трае, но осомничените веројатно ќе бидат изведени пред судија.
Меѓу уапсените се 116 мажи и осум жени, пренесува „АП“.