Бајатовиќ: Завршени се работите на гасоводот „Турски поток” преку Србија

Директорот на „Србијагас”, Душан Бајатовиќ денеска изјави дека се завршени работите на 403 километри долгиот гасовод „Турски поток” преку Србија, од границата со Бугарија до границата со Унгарија.

– Под Дунав, Тиса, Морава, сите канали, премини, цевките се поврзани. Очекуваме да ја завршиме работата и на мерните станици, изјави Бајатовиќ за РТС, додавајќи дека останува уште Бугарија да си го сработи својот дел, но дека тука постојат одредени проблеми.

– Планирано е првите 308 километри до Србија да бидат завршени до мај следната година, а сè треба да биде готово до 2022 година, кажа Бајатовиќ.

Тој додаде дека Србија ќе има три излези со гасовод – кај Параќин, Белград и Зрењанин.
Тој истакна дека „Турски поток” е комерцијален проект и дека сите капацитети се веќе целосно распродадени.

Треба да знаете
Последни објави