(Видео) Руска новинарка доби отказ затоа што му постави незгодно прашање на Путин

Новинарката Алиса Јаровскаја ја загуби работата на државниот ТВ-канал во регионот Jамал неколку дена откако му постави прашање на рускиот претседател Владимир Путин во текот на годишната прес-конференција.

Некои медиуми шпекулираат дека властите во арктичкиот регион Јамал во северозападен Сибир не биле задоволни од нејзиното прашање.

Јаровскаја, пак, вели дека сама дала отказ, јавува „Би-би-си“. Сепак, овој настан ја зголемува свеста за тешката положба на новинарите во Русија.

За време на третиот час од традиционалната годишна конференција одржана на 19 декември, микрофонот им бил даден на новинарите од регионот Jамал.

Алиса Јаровскаја го зела микрофонот иако збор требало да земе нејзиниот колега што го избрал претставникот на медиумите на Путин.

Прашањето го започнала со истакнување на придобивките од глобалното затоплување за својот регион, бидејќи тоа значело дека се топи Арктичкиот појас, кој е под мраз и кој претставув морски премин. Изградена е локална инфраструктура, вклучително и железница, но изградбата на мостот над реката Об е запрена, рекла таа. Мостот треба да поврзе два локални града, Салехард и Латињанги.

„Нашиот гувернер Дмитриј Артџухов не штеди никаков напор да се оствари ова. Сепак, за тоа се помалку се дискутира на федерално ниво. Значи, прашањето е дали може да вклучиме федерално ниво за да се реши ова?“, рекла Јаровска.

Путин одговорил дека сојузната влада не избира проекти засновани врз основа на она што им се допаѓа, но дека мостот Об е важна алка за транспортната инфраструктура во регионот затоа што отворањето на пристаништата на Арктикот е клучна иницијатива која мора да одговара на растот на извозниот товар .

„Владата беше свесна за ова и ќе обрне внимание на тоа“, додал тој.

Според извештајот на веб-страницата Ura.ru, високи функционери во регионот Jамал не биле импресионирани од интервенцијата на новинарката и ТВ-каналот била несреќен што таа го зела микрофонот од колегата.

Треба да знаете
Последни објави