Молотови коктели биле фрлени во седиштето на бразилската група комичари „Порта дос Фундос“, во Рио де Жанеиро за време на Бадниковата вечера, неколку недели откако групата објавила филм на „Нетфликс“, во кој Исус се прикажува како хомосексуалец.
Божиќниот филм кој го снимила групата комичари е насловен „Првото искушение на Христос“ (The First Temptation of Christ). Станува збор за 46-минутна комедија која го прикажува Исус како во својот дом го доведува својот наводен љубовник Орландо, за да го запознае со светото семејство.
Околу два милиони луѓе ширум светот потпишаа петиција со барање да се отстрани овој филм, бидејќи ги навредил христијаните.
Во инцидентот нема повредени.