Градоначалникот на чилеанскиот град Валпараисо, Хорхе Шарп прогласи вонредна состојба во градот оддалечен 100 километри од главниот град Сантијаго, поради пожар во кој целосно се уништени 120 куќи и голем број жители се принудени да се евакуираат.
Тој рече дека пожарот што избувнал во ридовите во најсиромашниот дел на градот е подметнат, а во прилог на тоа се изјавите од жители и видео на кое се гледа автомобил во близина на едно од местата каде што започна пожарот, пренесува „Би-би-си“.
Чилеанскиот претседател Себастијан Пињера изрази жалење за пожарот што погоди многу семејства во Валпараисо, особено на Бадник.
Пожарот ја прекина струјата во 90.000 домаќинства, а високите температури и силниот ветар го отежнуваат гасењето.