Напад врз канцелариите на Нова демократија во западниот дел на Атина

Материјална штета и уништена храна собрана од волонтери како помош за две невладини организации, предизвикаа непознати лица во нападот на канцелариите на Нова демократија во западниот дел на Атина, јави дописничката на МИА од Атина.

Од партијата коментираат дека дури и во пресрет на Божиќ, некои не можат да ја скријат нивната омраза.

-Не е само дека предизвикаа голема материјална штета. Овој пат нивната омраза ја насочија кон нашите сограѓани, бидејќи уништија храна собирана од волонтери наменета за „Насмевката на детето” и Фондацијата Христодулио. Веруваме во светите денови и им посакуваме и нив, како и на сите, честит Божиќ, пишува во соопштението од Нова демократија.

Треба да знаете
Последни објави