Турскиот амбасадор при посетата на МАТТО најави посета на Ердоган на Македонија

На вечерашна седница на Управен одбор на Стопанска комора Македонија – Турција МАТТО (24.12.2020), беше поканет г-дин Хасан Мехмет Секизќок, новоименуваниот амбасадор на Р. Турција, кој денеска ги предаде акредитриви писма на претседател Стево Пендаровски.

-Иако сум во Р.С. Македонија само пет дена, почуствував искрено пријателство и желба за соработка. Истото го почуствував од страна на Претседателот Пендаровски и министер за надворешни работи г. Димитров. Двете земји се пријателски и Р.Турција има приоритет да со соседите и блиски замји гаји однос на доверба и поддршка.Имам доживеано много повеќе од дипломатска куртуазност и добив гаранции за поддршка за заедничките проекти. Како амбасада ќе бидеме активни за соработка на сите полиња,рече Секизќок.

Амбасадорот нагласи, дека МАТТО дава голем придонес за унапредување на вкупните билатерални односи односно економијата и заеднички интереси ги зацврстуваат пријателства.То е и пат кон евроатлантските интеграции.

На седницата на УО, покрај други точки од дневниот ред, беше и презентација на иновинариот Единствен национален  електронки регистер на прописите ЕНЕР од страна на Министерство за иннформатичкото општество и администрација.

Новоименуваниот амбасадор на Р. Турција во Скопје најави посета на претседател Реџеп Тајип Ердоган на Македонија.

Треба да знаете
Последни објави