Апел за помош: Од понеделникот e исчезнат Аврам Петковски (33) од Ѓорче Петров

Скопјанецот Аврам Петкоски од населбата Ѓорче Петров од понеделникот се води како исчезнато лице, поради што неговата фамилија апелира преку социјалните мрежи за помош.

Тој последен пат бил виден во понеделникот околу 10 часот во близина на Стопански Двор каде што и живее, а облечен бил во сина јакна и фармерки.

Од неговата фамилија замолуваат доколку некој има некакаква информација што може да помогне во пронаоѓањето да бидат контактирани во семејството на телефонскиот број 078/343-613 или да пријават во локалната полициска станица.

Треба да знаете
Последни објави