Арсовски: Антикорупциска да го испита тендерот на кој доби фирмата на Зоран Иванов

Интегрален текст од изјава за медиуми на Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

„Денеска ВМРО-ДПМНЕ и официјално ќе поднесе претставка до Антикорупциската Комисија, причината е тоа што Владата и институциите молчат веќе трет ден. За оној тендер кој што го отвори генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на прес конференција. Каде што обзнани дека синот на генералниот секретар на Собранието, Зоран Иванов има земено тендер за чистење на улици и патиштата од Источна Македонија под сомнителни околности.

Еве веќе поминаа три дена, а тоа е уште еден показател дека Владата молчи, дека нешто крие. Дека најверојатно и сето она, односно сигурно она што го говоревме е точно. И со нивниот молк го потврдуваат. Па затоа имајќи ги сите институции под нивните канџи, под нивните раце се обидуваат овој случај да го прикријат и да го замолчат за да не може да се спроведе една постапка, каде што ќе може да се утврдат околностите под кои што е добиен овој тендер. Каде што фирмата „ДИКОР ЦД“ ДООЕЛ Струмица каде што како што реков синот на Цветанка Иванова, која што е од редовите на СДСМ и е генерален секретар на Собранието е сопственик и бизнис партнер во друга фирма „Омни градба“ каде што Трајче Заев, првиот братучед на премиерот  исто така има удел во истата фирма „Омни градба“ со Зоран Иванов.

Па така треба да се утврди како е можно син на висок функционер од СДСМ и бизнис партнер во фамилијата Заеви да може го добие овој тендер. Каде што како што знаете најпрвин е под сомнителни околности. Најпрвин го добива тендерот па подоцна ги набавува машините со кои што треба да ја изврши работата која што се бара во тендерот.

И втора работа треба да се утврди од страна на Антикорупциска Комисија дали имала некакво влијание неговата мајка во доделувањето на овој тендер. И дали можеби е извршено влијание од страна на неговите бизнис партнери од фамилијата Заеви?

Поради молкот еве поднесуваме денеска до Антикорупциската и очекуваме брз одговор од нив. Да го истражат во најбрз можен рок случајот. И веднаш потоа доколку се утврди да се понесе одговорност и да бидат санкционирани.

Ова не е прв случај каде што функционерите на СДСМ и фамилијата Заеви да добиваат тендери иако во овој случај е само синот на Цветанка Иванова. Затоа сметаме дека треба да се истражи и треба да се понесе одговорност. Она што е добро е дека ова ќе заврши многу набрзо тоа е на 12-ти април кога ќе си замине оваа Влада предводена од Зоран Заев. И никогаш повеќе нема да имаме премиер кој што на овој начин преку неговите функционери, преку неговото семејство и останатите во Владата ќе на некој начин ги испумпува државните пари“.

 

Треба да знаете
Последни објави