Барселона планира да потроши 75 милиони евра на нови играчи преку зимскиот преоден рок, пренесува „Спорт”.
Приоритет им се дава на играчите под 25 години кои можат да се развијат. Ќе се користат и средства од продажба на фудбалери.
Раководителите на Барселона разговарале и за иднината на играчот од средниот ред Филипе Кутињо, кој игра на изнајмување во Баерн (Минхен). Шпанците не веруваат дека тој ќе остане во Германија, но тие не се подготвени да го продадат за помалку од 100 милиони евра.
Оваа сума се очекува да ја добијат летото 2020 година, откако интерес има од неколку англиски клубови