Денеска во Кривичниот суд треба да продолжи судењето за случајот „Рекет“, со сослушување на тројца сведоци повикани од обвинителството. Во судница е предвидено да сведочат бизнисмените Зоранчо Митровски и Томе Главчев, како и адвокатот Влатко Бошков.
Jвноста претходно имаше можност да го слушне исказот на Орце Камчев, неговата сопруга Ана Камчева и нивната сметководителка.
Судењето за Рекет продолжува само за Бојан Јовановски и Катица Јанева, откако Зоран Милевски-Кичеец, призна вина, по што беше осуден на три години затвор.
Боки 13 кривично се гони за две дела и тоа „Примање награда за противзаконито влијание“, за што е предвидена затворска казна од 1 до 10 години, и за „Перење пари и други приноси од казниво дело“, за што исто така е предвидена затворска казна од 1 до 10 години.
Јанева е обвинета за кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“, за што ѝ се заканува затворска казна од најмалку три години затвор.
Според обвинението, Кичеец и Боки 13 од бизнисменот Орце Камчев побарале 8 милиони евра за со амин на Јанева да го спасат од кривичен прогон за случајот „Империја“. Тој наводно им исплатил 1,5 милион евра, а обвинителството успеало да докаже каде завршил еден дел од парите.