Двајца пожарникари и осуммина гости на хотел се повредени во експлозија и пожар во хотел во државата Њу Хемпшир.
Локалните власти соопштија дека никој не се здобил со повреди опасни по живот.
Експлозијата се случила во раните утрински часови во хотел во градот Лебанон, неколку часа откако пожарникарите влегле во објектот, каде се вклучил алармот за пожар.