Српскиот министер за одбрана Александар Вулин денеска изјави дека воспоставувањето граничен премин помеѓу Србија и Северна Македонија, Миратовац-Лојане ќе го подобри движењето на граѓаните и размената на стоки меѓу двете држави и ќе го олесни сообраќајот преку заедничката државна граница.
Тој ги повика пратениците да гласаат за договорот за тој премин.
Говорејќи за односите меѓу државите на Балканот и „малиот Шенген”, тој истакна дека секогаш кога балканските држави сами одлучувале, тие живееле во мир и дека кога одлучувале другите имало војни, јави БЕТА.
– Кога тие одлучуваа за нас, војувавме за туѓи интереси и крвариме поради конфликтите и несогласувањето на големите сили кои можеа тука да земат вода, воздух и земја, и тие не се грижеа за нас кои живееме тука. Така беше, така е и денес, посочи Вулин.