Дизни пресече кратка сцена во која се бакнуваат две жени во сингапурската верзија на својот најнов филм „Војна на Ѕвездите“.
Новиот Star Wars: The Rise of Skywalker го содржи првиот истополовен бакнеж во историјата на франшизата, а рецензентите го опишаа како „краток блесок на две жени кои се бакнуваат … меѓу многу ликови“.

Но верзијата наменета за Сингапур ја изостави сцената.
Сингапурското регулаторното тело за медиуми изјави за Би-Би-Си дека Дизни ја пресекол сцената за да спречи повисока возрасна препорака т.е. возраст на гледачите прикладна за гледање на овој филм.
„Апликантот испуштил кратка сцена за која според упатствата за класификација на филмови би требало да има повисока оценка или препорака за возраст на гледачите“, рече портпаролот на ИМДА.
Без бакнежот, филмот е рангиран ПГ-13 во Сингапур (неприкладен за деца под 13 години).
Сè уште не се знае дали Дизни – сопственици на „Лукасфилм“, продуцентската куќа на „Војна на ѕвездите“ – ја скратиле сцената и во други земји. Таа, наводно, била прикажана во Кина, но не и во Обединетите Арапски Емирати.
Дизни не одговори на барањето на Би-Би-Си за коментар.



