Словенечкиот кошаркарски интернационалец Лука Дончиќ кој во голем стил настапува во најсилната НБА-лига од утре може да се врати во редовите на Далас по санираната повреда на зглобот од ногата. Пред две недели маестралниот 20-годишен кошаркар Дончиќ незгодно згазна и го повреди зглобот, па се најавуваше принудна пауза до јануари. Но, Словенецот брзо се опороавил најави неговиот тренер и ќе може да му помогне на Далас на утрешниот дуел со Сан Антонио.
-Тој е подобар од ден во ден. Не знам што ќе биде в четврток, но сигурно ќе има шанса да заигра. Добро му оди, па ќе видиме како ќе се чувствува, а работите изгледаат подобро, вели тренерот на Далас.
Дончиќ во својата втора сезона во НБА лигата има просек од 29,3 поени, 9,6 скокови и 8,9 асистенции по натпревар.