Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган пристигна во ненадејна посета на Тунис, за да разговара со својот туниски колега Каис Саид.
Посетата доаѓа во време кога Турција се обидува да постигне договор со земјите од Медитеранот каде што Анкара е во спор со Грција околу користењето на ресурсите на дното на морето близу Кипар.
Минатиот месец Турција потпиша поморски договор со меѓународно призната влада во Либија што ја налути Грција, која верува дека договорот го крши меѓународното право.
Анкара, од друга страна, тврди дека со договорот сака да ги заштити своите права во регионот, пренесува „Ројтерс“.
Во соопштението од кабинетот на Ердоган се вели дека тој пристигнал во Тунис придружуван од министрите за надворешни работи и за одбрана, како и од шефот на разузнавачката служба.