Зголемен бројот на загинати во сообраќајки поради бавното возење

Податоците во Велика Британија откриваат дека има зголемување на бројот на загинати или сериозно повредени во судири предизвикани од бавните возачи.

Според „Дејли Стар“, Министерството за сообраќај во Велика Британија објавило дека двајца загинале, а дури 26 лица биле сериозно повредени во несреќи во кои по полицискиот увид било заклучено дека бавното возење на еден од учесниците ја предизвикало несреќата. Уште 132 лица биле лесно повреди во судири за кои се одговорни бавните возачи.

Според експертите, нивниот предефанзивен стил на возење во тековниот сообраќај под ограничената брзина предизвикал погрешни проценки и реакции од останатите возачи.

Затоа во Велика Британија, за да се намалат ваквите ситуации, оние што возат далеку под ограничувањето на брзината можат да бидат казнети со парична казна од 100 фунти и три казнени поеени.

-Не сум ни малку изненаден од овие загрижувачки статистики. Возењето премногу бавно е во основа себично и целосно глупаво и вистински рецепт за катастрофи. Јас веќе долго време предупредував дека бавното возење предизвикува фрустрација или лоши реакции кај другите возачи, рече Хју Бладон, член на Британската алијанса за возачи.

Треба да знаете
Последни објави