КИРСМ изразува незадоволство со предлогот за корекција на Тарифата за награда и надоместок на другите трошоци за работата на извршителите

Денес Комората на извршители на Република Северна Македонија чуствува морална и етичка одговорност да ги извести медиумите и граѓаните на Република Северна Македонија дека Собранието на КИРСМ останува на одлуката од 23.12.2019 година со која изразува незадоволство со предлогот на надлежното Министерство за правда за корекција односно намалување на Тарифата за награда и надоместок на другите трошоци за работата на извршителите.

Особено Собранието на извршителите изразува незадоволство за повторното намалување на Тарифата во тековнава година, а исклучиво од причина што со таквиот предлог извршителските канцеларии се доведуваат во финансиска несолвентност.

Комората на извршители во секој случај останува отворена за соработка и за рашавање на сите отворени и спорни прашања по однос на системот за извршување во Република Северна Македонија.

Собранието на КИРСМ се надева дека спорните прашања на општо задоволство ќе бидат решени со цел за остварување на општо прифатеното начело на владеење на правото.

Треба да знаете
Последни објави