Агенцијата за млади и спорт (АМС) и Олимпискиот Комитет на Северна Македонија (ОКСМ), со претставници на спортските федерации денеска го потпишаа меморандумот за автономија и независност.
Интернационалниот Олимписки комитет (ИОК) побара апсолутна независност на македонскиот комитет, па поради тоа, денеска беше потпишан Меморандумот со кој Олимпискиот комитет на Северна Македонија, Агенцијата за млади и спорт и националните федерации се обврзаа на меѓусебна соработка со која ќе се исполнат главните барања – автономија и независност.
„Ова е од високо значање за сите федерации МОК, како и за Владата на нашата земја. Секогаш е важно да ја зголемиме нашата независност. Се надевам дека еден ден ќе бидеме сместени во една зграда, и се надевам дека ќе бидеме во една зграда. Среќен сум за соработката”, рече првиот човек на МОК, Васил Тупурковски.
Првиот човек на АМС, Каевски го искажа своето задоволство за потпишување на документ, кој, според него, треба да го унапреди спортот.
– После сите овие работи во периодот кој следи ќе имаме подобра соработка и сето тоа ќе даде подобри резултати, изјави Каевски.