Настапите на македонската ракометна репрезентација на ЕП ќе се емитуваат на Телма

Првиот месец во новата година е резервиран за ракометот. Ќе се одржи завршницата на ЕП (9 – 26 јануари) во три земји на стариот континент: Шведска, Норвешка и Австрија. Ова е прв континентален собир на кој завршницата ќе се игра со 24 репрезентации, поделени во шест групи.

Меѓу нив ќе биде и македонската репрезентација кој своите мечеви од групата ќе ги игра во Виена со селекциите на домаќинот Австрија, Чешка и со Украина.

Љубителите на ракометот сите возбудувања од Виена поврзани со македонскиот државен тим ќе можат да ги следат дирекно преку тв-преноси на телевизија Телма. Ќе бидат емитувани директни преноси како од настапите на македонската репрезенатција, така и од другите средби во групата која ќе се игра во Виена, како и најинтересните мечеви од останатите групи.

 

Треба да знаете
Последни објави