Папата Франциско им рече на верниците на Бадник кои прославуваат по Грегоријанскиот календар, дека Бог ги сака сите, па дури и најлошите од нас.
Папата откри статуа на сцената на раѓањето на Исус во подножјето на олтарот на базиликата „Свети Петар” во Ватикан.
Папата рече дека раѓањето на Исус е потсетник за Божјата безусловна ,љубов.
Во исто време, тој ги повика верниците да си дозволат Исус да ги преобрати со својата „луда љубов” и да престанат да се обидуваат да ги менуваат другите.
„Да не чекаме нашите соседи да бидат добри пред да направиме нешто добро за нив, за црквата да биде совршена за да ја сакаме, другите да не почитуваат пред да ги почитуваме. Да почнеме со себеси”, истакна папата.