Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер го прогласи Пол Погба за „најдобар играч од средниот ред на светот”, откако се врати од повредата.
Французинот влезе како резерва во 64. минута при разочарувачкиот пораз од 0-2 против Ватфорд во неделата, играјќи го својот прв натпревар од септември, откако страдаше од проблем на глуждот.
На прашањето дали Погба ќе стартува како носител против Њукасл на „Боксинг деј”, Солскјаер одговори: „Ајде прво да видиме како ќе реагира, како ќе се чувствува. Тој настапи многу добро по неговото влегување во игра тој ден. Веројатно ќе започнеме со него во стартните 11, бидејќи тоа ќе ја зголеми нашата сила во нападот”.