Почна изградба на новиот објект за крим-техника, со современа форензичка лабораторија на МВР

„Во низата суштествени, реформски и програмски зафати во рамки на Министерството за внатрешни работи што ги подготвувавме и реализиравме изминативе години, бездруго важно место заземаат и напорите за квалитативно унапредување на сегментот на крим-техничкото, форензичко работење. Тоа денеска го официјализираме и со најавата за отпочнување на градежните работи за изградба на новиот објект за криминалистичко–технички испитувања, со современа форензичка лабораторија на МВР, што ќе се реализира во текот на наредната 2020 година“, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на настанот по повод стартот на изградбата на нов објект наменет за Одделот за криминалистичко –технички испитувања и вештачења на МВР.

„Станува збор за објект што ќе биде опремен согласно сите најнови европски полициски стандарди во доменот на крим-техниката, односно форензиката. Или, попластично кажано, објект што реално претставува есенција во полициско-истражителското дејствување, така што со право очекуваме, во голема мерка да се подигнат на уште повисоко ниво не само професионалните стандарди, туку и конкретните ефекти на овој дел од оперативното полициско работење“, рече Спасовски.

Тој појасни дека во рамки на ИПА програмите за 2013 и 2014 година, во изминативе три години се реализирани проекти во делот за набавка на опрема за институциите од областа на правда и внатрешни работи, како и во делот на натамошно јакнење на капацитетите за истраги на место на настан, со што се овозможи квантитативно и квалитативно унапредување во овој домен, а круна на целиот тој пат е изградбата на новата форензичка лабораторија – проект за чија што реализација во рамки на ИПА програмата за 2016 година се издвоени потребните над три милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави