Тасев на трибината Агенда Спорт 20-24: Владата предводена од СДСМ вбризга дополнителни 4 милиони евра за развој на спортот, спортот се враќа на прав пат

Владата предводена од СДСМ вложува во спортот, го унапредува спортот и има инклузивен пристап за сите спортисти, спортски федерации, олимписки комитети со цел да се креира амбиент за успеси, рече Горѓи Тасев, посебен советник за спорт во Владата на Република Северна Македонија на денешната трибина Агенда Спорт 20-24.
-Покрај постоечките програми од страна Агенција за млади и спорт, Владата вбризга 4 милиони евра преку унифициран ваучерски систем, како дополнителни средства за развој за спортот. Целта на СДСМ е праведно да се зголемуваат средствата за спорт, да развиеме спорт на кој сите ние ќе се гордееме , додаде Тасев.
Сите спортски федерации ќе имаат свој дом, ќе можат да соработуваат, а тоа ќе се оствари во комплексот за спортски федерации. Ги враќаме спортските објекти назад во општините да бидат подостапни за граѓаните и спортистите. Нема да застанеме овде и ќе продолжиме да ги подобруваме условите во спортот, заклучи Тасев.

Треба да знаете
Последни објави