Тетка и братучед со месеци физички малтретирале 19-годишна девојка и сакале да ја омажат против нејзина волја иако таа имала момче.
Според информациите од МВР, вчера во полициската станица Тетово, 19-годишна девојка од тетовско село пријавила дека во периодот од 25 август до пријавувањето, од страна на нејзината тетка и нејзин братучед била противправно држена и физички малтретирана на две локации во Тетово.
Според пријавеното, тие сакале да ја омажат против нејзина волја иако таа веќе имала момче.
„По консултација со јавен обвинител, девојката преку Центарот за социјални работи- Тетово е соодветно згрижена и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.