Фетаи за укинатата пресуда за „Титаник 2“: Нападот е најдобра одбрана

Обвинителката Фатиме Фетаи изјави дека нападот е најдобра одбрана прашана за одлуката на Апелацискиот суд да ја укине пресудата за “Титаник 2” со која се укинува затворската казна на Сашо Мијалков, Бедредин Ибраими и Мендух Тачи, објави Макфакс.

Таа рече дека решението од судот не го добила, па кратко го искоментира само соопштението испратено од Апелација.

-Соопштението е прилично напаѓачко, а нападот е најдобра одбрана, искоментира Фетаи.

Апелациониот суд Скопје констатирал дека првостепениот суд при постапувањето по овој предмет сторил бројни суштествени повреди на постапката од апсолутен карактер, поради кои одлуката е во целост незаконита и неправилна.

Предметот ќе се врати на повторно судење.

Треба да знаете
Последни објави