Шест лица се повредени при пад на руски хеликоптер Ми-8 во регионот Краснојарск.
Според руското Министерство за здравство, двајца од повредените се оперирани, а сите повредени не се во животна опасност.
Хеликоптерот Ми-8 во сопственост на компанијата Красавија, патувал од Баикинта кон нафтеното поле Јарубченскоје, при што се превезувале 21 патник и тројца членови на екипажот.
Несреќата се случила кога хеликоптерот на полетување бил зафатен од снежна бура, при што се оштетени опашката и роторот.