Германскиот весник „Јунге велт“ објави дека вежбите на НАТО кои одат под името „Европски бранител-2020“ ќе го обележат најмасовниот трансфер на американски сили на европскиот континент во изминатите 25 години.
Авторот на статијата вели дека плановите на воената вежба предвидуваат американските трупи прво да бидат пренесени преку Атлантикот во Западна Европа, од каде понатаму ќе бидат пренесени во Полска и во балтичките држави. На крај ќе бидат стационирани таму, во непосредна близина на руската граница.
„Официјално, ова ќе бидат вежби на американските сили“, се тврди во написот, во кој понатаму се наведува дека членките на НАТО, всушност, ќе подготват пробна офанзива во случај на војна против Русија.
Првите маневри на војската се очекуваат околу февруари, откако ќе заврши сезоната на празници, а на вежбите ќе учествуваат повеќе од 18 држави членки, вклучително и Германија.
Во октомври, само два месеца по распадот на Договорот за нуклеарни сили меѓу Русија и САД, поттикнат од повлекувањето на Вашингтон од договорот на 2 август, беше објавено дека се одржале серија тајни воени вежби од страна на сојузниците на НАТО во Германија.
Според германскиот весник „Кронен цајтунг“, во вежбите, со кодно име „Steadfast noon“, војниците користеле воени авиони кои можат да бидат опремени со нуклеарно оружје во случај на војна.