Поранешниот интернационален фудбалски судија со знакот на ФИФА, за помошната листа, Беким Баута од Струга, почина на 58-годишна возраст. Баута не ја доби битката со тешката болест.
Како фудбалски судија Баута долги години важеше за еден од најдобрите делитиели на правдата на домашната сцена. Беше и член на Управниот одбор на ФФМ и се загалаше за развојот на фудбалската игра во својата родна Струга, каде еден период учествувше и во раководењето на тимот на Влазними од овој град.