АБА-2: МЗТ со победа над Спарс ја заврши 2019 година

Кошаркарите на МЗТ Скопје вечерва на домашен терен, во последниот меч за 2019 година, го совладаа босанскиот тим ОКК Спарс (73-64), вомеч од 13. коло од АБА2-лигата.

Иако губеа со 13 поени разлика во првата четвртина (23-10) избраниците на Ѓорѓи Кочов направија одлична серија 21-2 со која негатива ја претворија во предност од 31-25.

„Металците” потоа ги презедоа работите во свои раце и на крајот забележаа сигурен триумф.

Стојановски реализира 17 поени, додека Морнар средбата ја заврши со 16 поени и 6 скока за домаќините, додека Врабец со 15 поени беше најпрецизен кај Спарс.

Ова беше седма победа по ред за тимот од Аеродром сезонава во регионалното првенство, со која останаа на второто место на табелата со учинок 10-3.

Следниот меч за МЗТ Скопје е на 2 јануари на гости против словенечка Рогашка.

Фото: МЗТ

Треба да знаете
Последни објави