Активностите за еколошка заштита и економска заштеда, предвидени со Планот за чист воздух, денес продолжуваат во општина Виница

Поддршката која општина Виница ја доби преку Планот за чист воздух е во делот на замената на начинот на греење во ОУ„Гоце Делчев“со средства од 1,5 милиони денари и подобрување на енергетската ефикасност во општинската зграда, со средства од 1,3 милиони денари.

Тоа значи дека ОУ „Гоце Делчев“ во општина Виница, користењето на огревно дрво, кое се вбројува како главен извор на ПМ честички, ќе го замени со еден од најеколошките, но и најекономичните начини на греење.

Дополнително подобрувањето на енергетската ефикасност на општинската зграда ќе овозможи заштеда и на топлинска енергија и намалување на сметките за загревање за 30%.

Во насока на заштита на животната средина и користењето на алтернативни извори на енергија, Општина Виница, исто така е добитник на грант од Министерството за финансии преку ИПА програмата на ЕУ проектот за подобрување на општинските услуги, со што на зградата на општината, градинката „Гоце Делчев“ и гимназијата „Ванчо Прке“ се поставени фотоволтаици.

Последните пресметки покажуваат дека трошоците за електрична енергија во детската градинка „Гоце Делчев“ за период август 2018 – август 2019 се намалени за 30%.

Планот за чист воздух е план со еколошка предност и економска исплатливост.

Треба да знаете
Последни објави