Доктор Дре е најбогатиот музичар на деценијата

Американскиот рапер и продуцент Доктор Дре е најбогатиот музичар на десетлетието, според топ-листата на списанието „Форбс”.

Неговата финансиска состојба се проценува на 950 милиони долари. Неговиот последен албум „Compton” излезе 2015 година, но раперот е и соосновач и сопственик на 20 отсто од акциите на продуцентската компанија Битс електроникс, којашто 2014 година беше купена од Епл.

На второ место на листата на „Форбс” е американската кантри и поп-пејачка Тејлор Свифт со 825 милиони долари, која е и најплатена музичарка за оваа 2019 година. По неа следи Бијонсе, што изминатите 10 години заработила 685 милиони долари.

На листата се наоѓаат уште и поп-рок групата „Ју-ту”, раперот Диди, Елтон Џон, Џеј-Зи, Пол Мекартни, Кејти Пери и Лејди Гага.

Треба да знаете
Последни објави