Заеднички воени вежби на Иран, Русија и Кина

Иран, Русија и Кина ќе одржат заеднички четиридневни поморски вежби во северниот дел на Индискиот Океан, изјави портпаролот на иранската војска, генерал Аболфази Шекарчи.

Маневрите, кои почнуваат в сабота, ќе бидат први трилатерални вежби додека Техеран настојува да ја зајакне воената соработка со Пекинг и Москва, истовремено соочувајќи се со тешките економски санкции од Вашингтон.

Генералот Шекарчи истакна дека заедничките вежби имаат за цел да се унапреди регионалната безбедност и ќе бидат изведени до Оманското Море.

Треба да знаете
Последни објави