Кортни Кардашјан потроши милиони за божикното украсување на својата вила

За бадниковата забава на кланот Кардашјан-Џенер оваа година била задолжена Кортни (39), која ја украсила својата вила со неколку стотици божикни sвезди кои ги поставла на скалите од влезот.

Иако нејзините гости биле воодушевени уште при самото влегување во вилата, дури внатре ги чекало вистинско изненадување. На влезот имало пејачи кои пееле божикни песни и биле опкружени со десетици новогодишни елки.

„Надвор не светеа само боровите туку и обичните дрвјата, сè изгледаше како бајка“, тврди Ким Кардашијан (39), која го снимила аранжманот на забавата.

Кортни исто така ангажирала пејачка која ги забавувала нејзините гости, а за да биде забележана од гостите, направила сцена голема како театарската. Во видеото на Клое Кардашјан (35) може да се види дека членовите на кланот Кардашјан-Џенер поканиле неколку десетици пријатели и членови на семејството на забавата.

Иако на забавата сите членки добро се забавувале судејќи според објавите на социјалните мрежи, нивните фанови велат дека претерале.

Треба да знаете
Последни објави