Македонија денеска ќе ја има првата контрола со Кувајт

Комбинираниот состав на македонската репрезентација денеска (19 ч.) во Стара Пазува, во Србија ќе го одигра првиот пријателски натпревар во рамките на подготовките за настап на ЕП (9-26 јануари). Македонскиот селектор Данило Брестовац на денешната прва од двете договорени контролни средби со Кувајт шанса ќе им даде на сите 20 ракометари кои ги поведа на оваа подготвителна турнеја во Србија, а потоа експедицијата во истиот состав ќе продолжи и во Романија. Првата средба со Кувајт е неофицијална и од затворен караткер, а утре ќе ја одиграт и втората. Настапите на овие подготвителни мечеви македонските ракометари ќе треба да ги искористат да се наметнат за да си обезбедат место во експедицијата која ќе патува на ЕП во Виена каде „црвено-жолитите“ ќе играат во групата со домаќинот Австрија, Украина и Чешка.

По по тестовите со Кувајт, Македонија продолжува за Букурешт каде ќе игра на „Трофеј Карпати“.

Треба да знаете
Последни објави