Новиот селектор Тодоров со македонската репрезентација ќе треба да стаса на ЕП и да создаде нови кошаркари

Македонската кошаркарска репрезентација од денеска за селктор го има Александар Тодоров. Тој е 14. стратег, десетти домашен кој ќе ја предводи најдобрата македонска репрезентација на патот кон настап во квалификациите за ЕП 2021. Вака одлучија челниците на Кошаркарската федерација на Македонија по подолгото размислување и барање соодветно решение откако по преземањето на раководните функции веднаш ја прекинаа соработката со поранешниот селектор Јорданчо Давитков.

Тодоров (46 години) е домашен стартег со интеранционално исксутво. Моментално е тренер на романскиот прволигаш ЦСУ Крајова. Целта на Тодоров ќе биде низ квалификациите за пласман на ЕП 2021, во група со Естонија, Русија и Италија, македонската селекција да ја одведе на завршницата. Ако успее во мисијата договорната  селекторска обврска со КФСМ ќе му биде до 2025 година.  Дебито за новиот македонски стратег ќе биде на 20 февруари во салата „Борис Трајковски“ кога ќе почне квалификацискиот циклус со дуел против Естонците, а три дена подоцна македонската селекција ќе и гостува на Русија.

Подготовките за овој квалификациски циклус ќе почнат на 13 февруари, а до дуелот со Естонија ќе биде одигран и еден контролен меч. Пласман на крајот од квалификацискиот дел на ЕП ќе обезбедат двете најдобропласирани во групата, со исклучот на Италија која како домаќин веќе има обезбедено пласман на континенталниот собир.

-Покрај пласманот на ЕП кој е приоритет ќе треба да направиме и подмладување на репрезентацијата, особено кога имаме неколку селекции во младинските конкуренции кои одлично настапуваа. За три-четири години ќе треба младите играчи да бидат костур на нашиот најдобар тим, порача Тодоров на својата промоција.

Со Тодоров во стручниот штаб ќе биде и тренерот на МЗТ Скопје, Ѓорѓи Кочов, а преостанатите тројца дополнително ќе ги одреди. За физичката подготвенсост на кошаркарите ќе се грижи турскиот стручњак …, за психолошкиот дел ќе биде задолжена Ленче Алексовска, за скаутингот Никола Велев од таборот на шампионот.

 

Треба да знаете
Последни објави