Најмалку 120 куќи изгореа во шумските пожари во чилеанскиот град Валпараизо, предизвикувајќи масовна евакуација на населението, сооптија властите.
Сите пожарникари се ангажирани во гаснењето на пожарите, а како превентивна мерка исклучена е струјата за над 90 илјади корисници.
Градоначалникот на Валпараисо, Хорхе Шарп, изјави дека пожарите се предизвикани намерно и дека засега нема информации за евентуални жртви.
„Во моментов сите тимови за вонредни ситуации од целиот град се на терен, користејќи ги сите ресурси од земја и воздух“ рече градоначалникот. Тој додаде дека силниот ветар и високите температури ја влошуваат состојбата.
Валпараизо е еден од највисоките чилеански градови и главно пристаниште на Пацификот, но и популарна туристичка дестинација.
Огнот досега уништил 120 хектари земјиште. Пожарот почнал во шумска област и се проширил врз градот.