Пратеничката од СДСМ, Фросина Ременски на својот Фејсбук профил реагираше на денешната одлука на Основното јавно обвинителство Скопје кое ја отфрли кривичната пријава поднесена од Ременски против поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и и Сиљан Аврамовски, поранешен заменик директор во УБК, како и уште еден вработен во МВР за кривични дела Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.2 во врска со ст. 1 и Несовесно работење во службата од чл. 353в ст. 2 во врска со ст. 1 од Кривичниот законик.
Пратеничката ги тужеше за непочитување на законските одредби за пензионирање. Според неа, Јанкуловска не смеела да потпише решение за продолжување на вработувањето во МВР на Аврамовски, кој требало да се пензионира.
„Експресно медиумско информирање за отфрлање на кривична пријава за која до сега прашал, објавил и се заинтересирал само еден медиум и вест во која никој не знае или не сака да знае кој е прв, втор и трет во пријавата и што направил. Нека поминат празничните гозби и радости, пред да ги објавам сите документи за случајот и ова соопштение да стане смешно и жално, и да се види како парламентарниот надзор пред кој се лажело е исмеан со ова соопштение и како лажењето е “законско”. Можеби ќе има ист експресен медиумски интерес“, напиша Ременски на Фејсбук.
https://www.facebook.com/frosina.remenski/posts/2821993144498588