Висината на помошта што Грузија ќе ја добие од САД во 2020 ќе биде во висина од 132 милиони долари, додека Вашингтон ги засилува санкциите против земјите кои ја признаваат независноста на сепаратистичките региони во земјата, јави дописникот на МИА од Вашингтон.
Во воениот буџет на САД за 2020 година, потпишан неодамна од страна на американскиот претседател Доналд Трамп, се предводуваат мерки за деокупација на грузиските региони и ескалирање на политиката на непризнавање на сепаратистичките режими.
Владата на САД ги повикува сите држави и организации да не поддржуваат воспоставување односи со окупираните територии Абхазија и Јужна Осетија, во спротивно ќе бидат соочени со низа ограничувачки мерки.
Како резултат на руско-грузиската војна во 2008 година, Русија ја призна независноста на двете грузиски области. Москва префрли дополнителна војска и вооружување во своите воени бази таму.
Сите земји во светот, со исклучок на Венецуела, Никарагва, Науру и Сирија, ја признаваат сувереноста на Грузија над тие територии кои се под руска окупација.
Грузија е еден од најсигурните воени партнери на САД, изјави Давид Бакрадзе, амбасадор на Грузија во САД.
Во изминатите 28 години Вашингтон за Гризија издвоил вкупна помош во висина од 4.3 милијарди долари.