Денеска градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски заедно со претседателот на здружението на трудови инвалиди- пензионери Велибор Ристиќ, поделија хуманитарни пакети за лицата со мали примања а поголем инвалидитет. На настанот градоначалникот им се обрати на присутните и им поска среќни новогодишни и мирни пензионерски денови. Се обрати и престедателот на здружението на трудовите инвалиди-пензионери Велибор Ристиќ при што изрази огромна благодарност до градоначалникот Велимир Смилевски за континуираната поддршка на општината во последниве 2 години.
Општина Бутел, како и градоначалникот Велимир Смилевски со негови лични средства секоја година дава поддршка на овие загрозени категории во пресрет на верските и останатите празници без исклучок на нвната припадност.
Првите 20 пакети за лица со потежок инвалидитете, градоначалникот ги испорача лично до домовите на лицата, додека останатите 40 ги подели во големата сала во Општина Бутел.