Тројца членови на едно британско семејство, татко со две деца се пронајдени мртви во базен во туристичкиот комплекс Коста дел Сол, каде биле сместени на југот на Шпанија, соопштува денеска локалната полиција.
Во полиција било пријавено вчера рано наутро. Во базенот полицијата го пронашла телото на 53 годишен маж, момче од 16 години и девојче 9 години.
„Полицијата рекла дека тие бил веќе мртви и ништо не можело да се направи.
Локалните медиуми, повикувајќи се на изјави од сведоци пишуваат дека таткото и братот скокнале за да му помогнат на девојчето, но на крајот сите тројца се удавиле.