Утре, 26.12. 2019 година, во 10.30 часот, на бул. Србија (на пешачкиот премин во близина на Полициската станица Ново Лисиче) ќе биде промовирано пуштањето во употреба на првиот тастер со кој пешаците ќе можат да го активираат вклучувањето зелено светло и со тоа побезбедно да го поминат пешачкиот премин.
Станува збор за донација од компанијата ОКТА како дел од кампањата „Јас внимавам”, во рамките на која вакви современи уреди ќе се постават на повеќе семафори на булеварите во Скопје.
За проектот кој компанијата ОКТА го резлизира во соработка со Град Скопје и ЈП Улици и патишта изјави ќе дадат Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и Јанис Геруланос, главен извршен директор на ОКТА.