Честитка од Николовски за Божиќ до граѓаните кои го празнуваат: Убавината и топлината на божиќната порака нека ги исполни срцата на сите

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, по повод големиот празник Рождество Христово Божиќ во свое, и во име на СДСМ, упати честитка до сите верници кои овој празник го празнуваат по Грегоријанскиот календар како и до Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх, Д-р Киро Стојанов.

 „Упатувам празнична порака исполнета со љубов и почит, посакувајќи ви среќа, хармонија и благосостојба.

Убавината и топлината на пораката за Божиќ, нека ги исполни со радост и топлина срцата на сите верници кои денеска го слават големиот празник.

Прославувајќи го Христовото раѓање, го славиме животот, љубовта, толеранцијата, солидарноста,  меѓусебното помагање и почитување.

Божиќниот дух на милосрдие, добра мисла, добри дела и спокој во душите да живее преку целата година, а не само на овој ден.

Нека ви е честит големиот празник Рождество Христово Божиќ!”

Треба да знаете
Последни објави