Битолчанец тешко повреден, крадел тегови од лифт од напуштена фабрика

На 25.12.2019 во 11.45 часот во СВР Битола, од Итната медицинска помош било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен С.Р.(26) од Битола.

Според пријавеното, тој се здобил со повреди при обид да изврши кражба на тегови кои го држеле лифтот во напуштен објект на поранешна фабрика на улица „1 Мај” во Битола.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави