Волк убил припитомен кенгур во Белгија

Се сомнева дека волк-самотник убил еден кенгур и нападнал друг во градот Бален, североисточна Белгија.

Двојката припитомени кенгури биле во градината на нивните сопственици, кои утрото повикале експерт, а тој според трагите утврдил дека напаѓачот е волк.

Волкот, наречен Август, прв пат бил виден во 2018 година, доаѓал преку границата од Германија и талкал низ регионот за плен.

Волците обично ловат диви свињи или елени, а понекогаш и добиток затоа што им е полесно, велат експертите.

Треба да знаете
Последни објави