Шпицен кандидат имаше европската левица и десница. Ако мислите да не бидам кандидат на пратеничка листа, јас немам проблем со тоа, нека прифати Мицкоски една изборна единица ќе се договориме. Јас немам амбиција за пратеник. Немам дилеми, растеретен политичар сум. Како сака Мицкоски ќе играме, шпиц – шпиц, крило – крило. Јас барам мандат за премиер.
Ова е одговорот на премиерот Зоран Заев напрашање на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски дали ќе прифати шпицен кандидат со услов поразениот на избори да си замине од политиката, пишува „Плус Инфо“.