Шведскиот фудбалски интеранционалец со босанско потекло Златан Ибрахимовиќ по неколкунеделно размислување и разгледување на понудите одлучи да се врати во редовите на италјанскиот калчолигаш Милан. Според италијански новинар Џанлука Ди Марцио трансферот се очекува да биде реализиран вечерва или најдоцна до утре.
Ибрахимовиќ ќе потпише шестмесечен договор со „росоњерите“. Постои опција, во зависност од неговите игри и од пласманот на екипата, договорот да се продолжи за дополнителни 12 месеци.
Искусниот 38-годишен гол-мајстор Ибрахимовиќ веќе има настапувано за екипиата на Милан, и тоа од 2010 до 2012 година, а актуелниот договор со Лос Анџелес галакси му истекува на 31 декември.
Швеѓанецот треба да го разбуди Милан, кој сезонава игра лошо и се наоѓа на 11. позиција на табелата со 21 освоен бод од 17 натпревари.



