Раководните структури на ВМРО ДПМНЕ едногласно му дадоа доверба на Мицкоски да преговата за техничката влада

Извршниот и Централниот комитет  на опозициската ВМРО ДПМНЕ на попладневната седница едногласно му дале доверба на лидерот на партијата Христијан Мицкоски да ги води разговорите за формирањето на техничката влада која треба да стапи на функција од 3 јануари. Мицковски ќе ги  даде предлозите со кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за идни министри, односно заменици или дополнителни министри во техничката влада, соопшти по седницата генералниот секретар Игор Јанушев.

Највисоките раководни партиски тела едногласно се произнеле за Мицкоски да биде новиот мандатар, ако партијата победи на изборите на 12 април, во што ВМРО-ДПМНЕ не се сомнева дека ќе издвојува убедлива победа. Покрај поддршката која му е дадена на Мицкоски, на седницата усвоен е и годишниот извештај за работа на Претседателот на чиј предлог од неговиот кабинет е разрешен соработникот Томислав Димитровски кој што е познат на јавноста по еден немил настан кој што се случи во изминатиот период.

-Би сакал да напомена дека Македонија се наоѓа во една исклучително тешка состојба. Потребно е да се стават интересите на народот пред партиските и лични интереси. Народот на Македонија очекува надеж. На народот на Македонија им е потребна шанса за подобар живот. Нашата борба е за напредок, принципи, вредности и за Обнова на Македонија, порача Јанушев.

 

 

Треба да знаете
Последни објави