Антовски: На само осум дена пред техничка влада, ЕЛЕМ распиша оглас за вработување

Власта во заминување ја партизира администрацијата и купува гласови со предизборни вработувања. На само 8 дена пред техничка влада АД ЕЛЕМ распиша оглас за вработување на нови 30 лица, обвини Стевче Антовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„На 8 дена пред техничка влада АД ЕЛЕМ не вработува инженери или други стручни лица потребни за работата на ова претпријатие, туку советници во кабинет, книговодители, раководители. Која е итноста на вработувањето на канцелариски персонал, за тоа да се прави пред избори? Јасна е намерата. Полнење на институциите со партиски кадар и поткуп на гласачи“, рече тој.

Ова е втор оглас, додаде Антовски, во последниот месец распишан од АД ЕЛЕМ. „Пред само 10 – тина дена објавен беше оглас за 200 вработувања во РЕК Битола. Додека во АД МЕПСО, другата компанија од енергетскиот сектор во државна сопственост на почетокот на овој месец беше распишан оглас за вработување на 63 лица“, рече Антовски.

Треба да знаете
Последни објави