(Видео) Рускиот опозиционер Алексеј Навални уапсен, па пуштен на слобода

Руската полиција го приведе опозицискиот политичар Алексеј Навални за време на рацијата во седиштето на неговата Фондација за борба против корупција, но тој беше брзо ослободен, пренесува „Ројтерс“.

Веста за апсењето ја објави портпаролката на Навал, Кира Јармиш.

„Алексеј беше присилно уапсен и одведен. Тој не успеа да се спротивстави. Адвокатите се во Фондацијата, а претресот е во тек“, напиша портпаролката на „Твитер“.

По претресот, Навални набрзо беше пуштен, пренесува „Ројтерс“.

Треба да знаете
Последни објави